Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Ѓорѓи Сугарев

Роден е во Битола, во 1876 година. Завршил егзархиска гимназија во родниот град и учитествувал во повеќе места во Македонија. Во ТМОРО се вклучил во 1901 год. Како окружен војвода, со својата чета ги крстосувал просторите на Битолско, Демирхисарско, Ресенско, Крушевско и Прилепско. Учествувал како делегат на Битолскиот револуционерен округ на Смилевскиот конгрес во мај 1903 год.

Ѓорѓи Сугарев активно учествувал во Илинденското востание и се истакнал во повеќе борбени судири со турскиот аскер и башибозук. По востанието останува на теренот и активно работи на обновувањето на Организацијата.

На 23 март 1906 година, предаден од шпионот Петар Лигушев (секретар – благајник на Битолскиот револуционерен комитет), со својата чета паѓа во заседа близу до селото Паралово, кај месноста наречена Чукарите, Мариовско. Во тешката и крвава борба со многубројната турска војска загинала целата негова чета, заедно со Сугарев, кој не сакајќи да падне жив во рацете на турскиот аскер, извршил саможртва. 

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik